Тип: Ресторан
Локација: Тетово
Квадратура: 200 м2
Статус: Изведба во тек
Проект за ресторан кој се наоѓа на прекрасна локација во Горни Челопек, Брвеница, кој со својата местоположба нуди преубав поглед кон Шар Планина. Идејата за ентериерното уредување на ресторанот во консултации со клиентот, беше амбиентот да не биде "класичен" или "етно" ресторан, без разлика што се наоѓа во рурално подрачје. Туку, да осмислиме простор во кои ќе се долови модерен со "планински" амбиент. Главен акцент во просторот е каминот кој допринесува за пријатен топол амбиент посебно во зимскиот период. Обработката на плафонот е со централно изразен дел со попречни греди кои се обложени со дрво, висечко зеленило и рефлектори на шина да го потенцираат тој дел. Столбовите и одредени делови од ѕидовите се обложени со декоративна тула за допринесување на мала рустичност на просторот. Осветлувањето е осмислено да биде со висечки лустери над секоја маса, амбиентални светла кои се вградени во самиот плафон и ѕидни светилки кои би потенцирале одредена обработка. Шанкот е изработен од метална облога со декоративна шара и скриено лед осветлување. Целиот простор кон надворешноста е со стаклени подвижни ѕидови за да не се попречува прекрасниот поглед кон Шар Планин. Во летниот период тие би се отвориле за да тој простор што е визуелно преграден со столбови служи како летна тераса.
Имате прашања? Ајде да дискутираме подетално околу вашиот проект! Ве молиме, пополнете ја следната пријава, како би добиле подетални информации и совети од нашиот стручен тим!
Контактирај не