Тип: Стан
Локација: Тетово
Квадратура: 75 м2
Статус: Изработен проект
Современ дом во станбена зграда со локација во централното подрачје на градот. Во проектот се разработени влезен хол, дневен отворен простор со трпезарија и кујна, спална и детска соба, тоалет и остава. Вкупната површина на станбениот простор изнесува 75м2. Со оглед на површината, се фокусиравме на дизајнерско решение во кое ќе се обрне внимание на функционалност на просторот и потребите на клиентот. Во идејниот проект применивме светли и топли тонови со акценти бои за да доловиме смирен и пријатен амбиент. Неутралните тонови во дневниот простор се надополнуваат со дрвени декори и прекрасна зелена боја на аголната гарнитура која дава свежина во целиот простор. На ѕидовите се предвидени облоги од иверка надополнети со декоративна обработка "карпа" во светол кремаст тон со акцентно лед осветлување. Поради малата површина на спалната соба, максимално е искористен просторот и ги содржи сите потребни елементи за задоволување на потребите на клиентите. Голема кретивност вложивме при проектирање на детската соба. Топлите неутрални тонови, покрај дрвените текстури ги комбиниравме и со две акцентни бои, зелена и портокалова. Предвидовме и простор за мала физичка активност на децата со поставување на на карпа за искачување. Принтот на ѕидот кај креветите се надополнува со останатите елементи, така што како целина успеавме да доловиме максимално позитивно чувство во просторот. Влезниот хол содржи плакар за чување на чевли и јакни, комбинаран со отворен простор со закачалки и тапациран дел за седење. Спроти плакарот предвидено е големо огледало со фиокар, Боите го следат целокупниот концепт на станот со неутрални тонови и дрвен декор.
Имате прашања? Ајде да дискутираме подетално околу вашиот проект! Ве молиме, пополнете ја следната пријава, како би добиле подетални информации и совети од нашиот стручен тим!
Контактирај не