Тип: Куќа
Локација: Велешко Езеро
Квадратура: 160 м2
Статус: Изведба во тек
Викенд куќа со прекрасен поглед на велешко езеро. Ентериерот е елегантен и модерен со светли тонови, минималистички дизајн и акценти на материјали со дрвен декор. Целиот простор е доста светол, природната светлина доаѓа од големите стаклени прозори со лизгачки врати кои не поврзуваат со прекрасна градина со базен и директен поглед кон езерото. Приземјето е целосно отворено каде што се сместени дневна, трпезарија и кујна со остров. Доминираат беж тонови на мебелот во комбинација на дрвени декори, детали на ѕидовите од камен и мермерни структури, со што ја внесуваме природата во просторот. Дизајнот на кујната е комбинација од функционалност и естетика, со внимателно избрани детали. Предвиден е остров со директен поглед кон дневната соба и градината. Во централниот дел на салонот поставени се скали кои водат на катот каде што се сместени спална и детска соба со две купатила. Скалите се минималистички изработени од метална конструкција со газишта од природно дрво и стаклена провидна ограда. Ентериерот во спалната соба исто така е елегантен, модерен и минималистички со светли тонови и примена на детали од дрвен декор, мермер и камен. Целиот надворешен ѕид е со прозори кој нуди феноменален поглед кон околната природа и езерото. Детската соба е со голема висина поради тоа што е предвидена платформа со три лежаи за три девојчиња. Под самата платформа поставени се гардеробери и тоалетна маса. Просторот е предвиден да биде слободен комотен за три деца во кој ги содржи сите потребни елементи за функционирање. Исто така природна светлина е овозможена со застаклување на целиот фасаден ѕид кој има поглед кој градината.
Имате прашања? Ајде да дискутираме подетално околу вашиот проект! Ве молиме, пополнете ја следната пријава, како би добиле подетални информации и совети од нашиот стручен тим!
Контактирај не