Тип: Билијард Клуб
Локација: Сарај, Скопје
Квадратура: 300 м2
Статус: Комплетно реализиран!
Стил и динамика во секој детаљ! Ентериер на модерен билијард клуб во кој се комбинираат дрвени детаљи, ѕидови со природна тула, бетонски ефект и метални конструкции, создаваат уникатен индустриски стил кој изобилува со карактер, топлина и динамика. Идејата е да се создаде простор кој не само што ќе биде функционален, туку и визуелно привлечен, создавајќи пријатна атмосфера за социјализирање и опуштање. Природна тула на ѕидовите - органска текстура која создава урбан но истовремено топол амбиент. Бетонски ефект за контраст: Бетонската текстура додава длабочина и тежина, што создава контраст со топлината на дрвото и текстурата на тула. Метални конструкции - индустриски дух за днамика и елеганција на просторот. Дрвени детаљи за природен и топол допир за создавање хармонија и удобност на просторот. Зеленило - освежување и контраст. Осветлувањето над билијард масите е професионално со метални елементи, како и останатите светла, за надополнување на целиот амбиент.
Имате прашања? Ајде да дискутираме подетално околу вашиот проект! Ве молиме, пополнете ја следната пријава, како би добиле подетални информации и совети од нашиот стручен тим!
Контактирај не