Тип: Ресторан
Локација: Тетово
Квадратура: 150 м2
Статус: Изработен проект
Дизајнирањето ресторан е како креирање на дизајн за двајца клиенти во исто време. Сопственикот на ресторанот е нашиот личен клиент, додека останатите клиенти се гостите кои ќе го посетуваат ресторанот, така што треба да се посвети внимание од секоја гледна точка при функционална распределба и дизајн на просторот. Планирањето и поставувањето на мебелот се клучниот елемент за да се добие добро дизајниран и софистициран современ ресторан. Создавање на препознатлив амбиент и пријатна атмосвера со правилно комбинирање на бои, материјали кои даваат одреден акцент во просторот, светлосни ефекти и декоративни форми на ѕидовите. Сето тоа го применивме во овој прекрасен ресторан, за гостите да уживаат во својот оброк и да се чувствуваат комфорно. Растојанието на масите е запазено за гостите да имаат одредена приватност, додека шанкот е поставен на позиција да биде во близина но сепак ненаметлив. Одредени ѕидови се обработени со декоратина техника и тула во сива боја. Како акцент во просторот еден ѕид е осмислен да биде со кружни форми во кои се поставени светлосни ефекти со оникс и брановидни форми со скриено лед осветлување, додека на другиот ѕид е поставен препознатлив логотип. Идејата за обработка на плафонот е да не биде премногу наметлив, туку да се даде акцент исклучиво само со осветлување во кое ќе биде вметнато зеленило за да даде контраст на сивите тонови и свежина на просторот. Како централен дел кој се издвојува во целиот простор е столбот кој додатно го обработивме со тула и кружна форма исполнета целосно со зеленило и спуштено осветлување во бакарна боја.
Имате прашања? Ајде да дискутираме подетално околу вашиот проект! Ве молиме, пополнете ја следната пријава, како би добиле подетални информации и совети од нашиот стручен тим!
Контактирај не